Шафнауер презадоволен од Окон

44

Главниот оперативен директор на Форс Индија, Отмар Шафнауер, смета дека тимот има многу позитивни работи да пренесе од Монако со надеж дека добриот резултат ќе го повторат и во КАнада. Естебан Окон заврши во поени на 6то место, додека Серхио перез не освои поени иако и двајцата стигнаа до последниот квалификациски сегмент.

Поените од Окон придонесоа екипата од Силверстон да се зацврсти на 6то место во поредокот, да го намали заостатокот зад Мекларен кои се пред нив и да ја зголеми преноста пред Торо Росо кои се зад нив.

Честитки до сите во екипата на заслуженото 6то место во Монако.

Естебан правеше одлична работа цел викенд и ништо не погреши. По силните квалификации бевме задоволни што донесе 8 поени за тимот во трката со едно многу зрело возење во кое не погреши во ниту еден момент.

Штета што Серхио имаше проблем при менувањето на гуми што го чинеше можност да се бори за топ 10 пласман. Покажа одличен ритам во вториот дел од трката, но без добра позиција на патеката не можеше да напредува.

Охрабрени сме од силните перформанси викендот и сакаме да продолжиме со овој моментум во Канада за две недели – смета Шафнауер.


Шафнауер презадоволен од Окон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>