Чекор напред за Окон и Форс Индија

52

Естебан Окон успеа да се пласира во последниот квалификациски сегмент на Британското Гранд При, откако тој успех му избега во претходните две трки. Трката ќе ја започне од 10то место, а французинот смета дека Форс Индија направиле чекор напред.

21-годишниот возач освои 8 поени во Австрија во период кога неговата екипа се обидува да се врати на 4то место во генералниот пласман. Окон успеа да се пласира пред двата болида на Рено, додека Серхио Перез се квалификуваше позади Нико Хулкенберг на 12то место. Карлос Саинз ќе стартува од 16 место.

Направивме чекор напред и може да бидеме задоволни со перформансите, но мора да продолжиме во иста насока. Трката ја започнуваме од позиција во поени, а најчесто имаме подобра форма во трката, одколку во еден квалификациски круг – изјави Окон.

Тимот на Форс Индија ја смета трката во Силверстон како домашна, земајќи во предвид дека се лоцирани блиску до истата. Голем дел од тимот ги посетува боксовите за време на викендот. Тие продолжуваат фокусирани за да бидат “најдобри од останатите“ годинава.

Средината на гридот е многу блиска во моментов, така што ќе биде голема битка во трката, особено со Рено позади мене и со Серхио, кој сигурено ќе нападне – додаде Окон.


Чекор напред за Окон и Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>