Хулкенберг задоволен по Монтреал

42

Нико Хулкенберг го истакна своето задоволство од зголемување на предноста на Рено со петтопласираниот тим на Мекларен во генералниот пласман, по двоен финиш во поени за францускиот производител на Канадското Гранд При.

Седмата позиција на Нико е петти пласман во последните 7 трки на кој германецот завршува во поени, докажувајќи уште еднаш дека е најдобар од останатите во однос на топ 6те челни возачи.

По трката во Канада, Хулкенберг ја истакна важноста од 10 поени кои тимот ги освои пред Француското Гранд При на Пол Рикар за две недели, кое воедно е почеток на три последователни трки.

Имавме добра трка и одличен напор за сите. 10 поени во пласманот е позитивен резултат за нас и ја зголемивме нашата предност пред ривалите.

Имавме блиска битка. Изгубив позиција на стартот, но успеав да го претекнам Окон преку боксовите, возејќи дополнителни 2 круга повеќе од него.

Тој ме задржуваше помалку во првиот стинт. Од тој момент, само ги менаџирав пневматиците, што беше многу тешко поради деградацијата – изјави Хулкенберг.


Хулкенберг задоволен по Монтреал

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>