Хулкенберг: Гросжан треба да учи

169

Нико Хулкенберг го искара неговиот колега Роман Гросжан поради инцидентот во првиот круг. поради кој три болиди не ја завршија трката по само 4 кривини.

Гросжан напредуваше до осма позиција зад неговиот колега Магнсен, во 4 свиок тој изгуби контакт со патеката и се изврте веднаш пред другите болиди.

Французинот го задржа педалот за гас и направи голем облак со што стана невозможно да го одминат другите болиди,а Хулкенберг и Гасли се судрија со болидот.

Хулкенберг изјави дека французинот сака да се извртува, алудирајќи на инцидентот од Баку и дека има домашна задача што треба да ја заврши.

Јас само се судрив. Видовме дека Роман се изврте и се врати на патеката. Немав каде да одам и не беше возможно да го избегнам и го удрив со задниот дел од болидот со што заврши мојата трка.

Тој не изгледа добро во целата ситуација. Генерално тој сака извртување но сепак прв круг не е вистинско време да го прави тоа. Мислам дека треба да го разгледа инцидентот и да си ја заврши домашната – лут е Хулкенберг.


Хулкенберг: Гросжан треба да учи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>