Хорнер: Хамилтон бара премногу пари од Мерцедес

363

Кристијан Хорнер од Ред Бул смета дека огромната сума пари што ја бара Хамилтон е причината поради која се одложува потпишувањето на новиот договор со Мерцедес. Четирикратниот шампион има договор со “сребрените“ до крајот на сезонава.

Тото Волф неколку пати повтори дека двете страни сакаат повеќегодишен договор а и после пет месеци договорот не е потпишан.

Мислам дека одложувањето е само поради прави. Според мене се работи за огромна сума на пари и тоа е тоа што прави проблем. Тој има скап животен стил. Тој е четирикратен првак и не е ефтин. Тоа сигурно има врска со одложувањето – смета Хорнер.

Волф сепак изјави дека нема никакви препреки помеѓу Мерцедес и нивниот возач.

Смешна ситуација е бидејќи дискутираме долго време. Се собираме и дискутираме за дневни теми. Немаме точен датум и каде ќе објавиме но не гледам причина зошто не би се случило тоа. Ние сме во процес на затворање на ова. Сега има само пинг понг со дописи. Не сакам да дадам датум за да не ме прашувате зошто како и слично, има добри трки во иднина во наредните месеци.


Хорнер: Хамилтон бара премногу пари од Мерцедес

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>