Хорнер: Помалата придружба му помогна на Макс

184

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека поинаквиот пристап на Макс Верстапен и помалата придружба од луѓе која ја носел со себе во Канада му помогнале уште еднаш да се искачи на подиум. По серијата лоши резултати холанѓанецот се реши да донесе помалку лична придружба со себе во Монтреал со цел да промени нешто по 6те инциденти на претходните 6 такчки викенди.

Младиот возач доминираше со тренинг сесиите, се квалификуваше на 3то место со одличен последен К3 круг, стигна до подиум на трка и во последниот сегмент го “бркаше“ Валтери Ботас.

Неговиот пристап кон трката беше малку оинаков, беше многу повеќе сам и мислам дека заврши супер работа викендов. Во секој спорт може да забележите дека спортистите имаат период кога не се на нивото како другите, а за него тоа беше мнгу јавно истакнато, но се надевам дека среќата ќе му се промени.

Ова е прва трка која тој ја одработи сам, нешто сосема друго од претходно, но дали тоа придонело да биде толку посветен, тешко е да кажам. Сеуште се развива и созрева како возач и прибира искуство.

Многу посветено слушаше се што екипата работи во текот на викендот. Сите заслуги се негови што склопи толку силен тркачки викенд и заврши на десетинка од Ботас на квалификациите – објасни Хорнер.

Јос Верстапен, таткото на Макс, беше присутен во Монтреал, но само неколку од неговите најблиски другари и подржувачки патуваа со него во Канада.

Ова беше втор подиум за него годинава, но има судари со Рикардо во Баку, со Ветел во Кина и Хамилтон во Бахреин, како и со огрдата во Монако.


Хорнер: Помалата придружба му помогна на Макс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>