Хорнер: “Пазарот“ чека на Хамилтон

321

Даниел Рикардо го сакаат сите, Фернандо Алонсо не знае што со себе, Кими Раиконен сака да вози уште, на Валтери Ботас не му се мрда од Мерцедес, но се зависи од Луис Хамилтон и новиот договор кој актуелниот првак ќе го потпише за следната година.

Хам сеуште нема потпишано ништо со “сребрените“ по оваа сезона иако медиумите често пишуваат дека преговорите се во завршна фаза и дека многу скоро се ќе биде официјално. Според Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, чиј возач Даниел Рикардо нема договор по крајот на оваа сезона, сите карти се во рацете на Луис.

Сите работи во однос на возачкиот пазар зависат една од ддруга и мислам дека сите го чекаат возачот на Тото, Луис Хамилтон да ја почне целата работа. Се надевам дека во Силверстон конечно ќе го потпишат тој договор – прокоментира Хорнер на прес конференцијата, обраќајки се на Тото Волф.

Тој вреди. Да бидеме искрени, вреди секое евро. Штом Тото го потпише својот договор, односно два договори, тогаш се ќе се префрли каскадно на другите возачи и Карлос Саинз ќе биде само механизам во рацете на Тото – дополни Хорнер откако Волф не одговори ништо иако беше повикан.

Двата договори на кои се повика Кристијан се всушност возачките договори на Луис и Валтери кои истекуваат на крајот од оваа година, а како замена за Ботас медиумите често го споменуваат Даниел Рикардо. Ред Бул неколку пати потенцираа дека сакаат да го задржат австралијанецот до 2020 година како партнер на Макс Верстапен, а тоа би направило место Карлос Саинз да стане полноправен член на Рено, откако сезонава и половина од ланската ја одработува како позајмен возач.

Рено сакаат да го задржат Карлос, но тоа зависи дали ние ќе го бараме назад или не. Имаме намера да ги задржиме двајцата сегашни возачи и откако се ќе стане јасно ќе седнеме со Карлос – заврши Хорнер.


Хорнер: “Пазарот“ чека на Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>