Хорнер: Макс научи брутална лекција

615

Кристјан Хорнер смета дека Макс Верстапен научил брутална лекција во Монако. Во последните 10 минути од последната сесија во пресрет на квалификациите, холанѓанецот го удри својот Ред Бул во оградата и го оштети истиот. Ги пропушти квалификациите поради тоа што механичарите работеа на РБ14 и востановија дефек на менувачот кој бара промена.

Даниел е феноменален цел викенд, беше најбрз секоја сесија и испорача феноменални кругови за пол позиција. Врши неверојатно добра работа.

Сепак, победата на квалификации е по малку горчлива затоа што сакавме да имаме два болиди во првиот ред. Фрустрирачки е што имаме толку брз болид, а ќе стартува од последно место.

Го стартувавме болидот на Макс и видовме дека протекува масло од менувачот што беше скриено дотогаш и тоа беше тоа. Мехаичарите дадоа се од себе за да го променат менувачот што ни носи казна од 5 позиции, но времето беше прекратно. Денес едноставно не беше ден за целосно наш прв ред.

Ова место казнува ако го злоупотребите премногу. Макс е многу брз возач, сите го знаеме тоа, а овој викенд има и фантастичен болид. Никој не е поразочаран од него. Требаше да се бори за прв стартен ред, така што не можеше да научи од по брутална лекција – изјави Хорнер.


Хорнер: Макс научи брутална лекција

15 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>