Хорнер: Либерти сеуште сака трка во Лондон

51

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека сопствениците на спортот, американците од Либерти Медиа, сеуште сериозно размислуваат за организација на Гранд При низ улиците на Лондон.

Силверстон лани ја активираше клаузулата за прекин на договорот што значи дека имаат обврска да организираат трка уште оваа и следната година, а во моментов се во тек некакви првични преговори во врска со нов договор кој би бил поисплатлив за организацијата.

Сметам дека Силверстоан е дом на британскиот моторспорт. Се работи за одлична патека, пристапот до истата е фантастичен и многу британци доаѓаат и ќе доаѓаат да гледаат трка на Силверстон. Викендов ќе биде уште една распродадена трка.

Ми се чини ека БРДЦ како сопственицит на автодромто и Либерти се поблиску со ставовите и водат позитивни преговори така што може да смислат многу добри работи за тркачката серија да остане.

Јас гледам желба кај Либерти да се организира и улична трк во Лондон, а во идеален свет би ги имале и двете, Гранд При во Силверстон и улично Гранд При низ Лондон. Но, јасно е дека конкуренцијата за влез во календарот е екстремна и тешко е да се очекува две Гранд При трки на календари.

Со Либерти сметам дека трка во Лондон е реална. Како што се виде од нивните дискусии со Мајами, тие бараат и разгледуваат различни модели за клуните пазари и мислам дека може да очекуваме една година трка во Лондон, а друго зошто да не во Париз.

Може да се смиалт одлични патеки. Носење на Формула 1 во центрите со многу луѓе се покажа многу популарно. Некои од најдобрите трки на нашиот календар се токму уличните – појасни Хорнер.


Хорнер: Либерти сеуште сака трка во Лондон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>