Хорнер: Кими не е возач кој намерно удира

587

Кристијан Хорнер смета дека нема шанси Кими Раиконен намерно да го удрил Луис Хамилтон на последната трка, затоа што финецот не е таков возач. Актуелниот првак беше бесен по трката откако контактот со Раиконен го примора да продолжи од 18та позиција и да се врати до 2то место по 52та кругови.

Размислувајќи со ладна глава ден по трката, Луис го прифати извинувањето на Раиконен и продолжуа понатаму.

Кога има толкава тензија, шпекулациите се неизбежни при некој таков инцидент. Но, јас не верувам дека контактот е било што повеќе од обичен тркачки инцидент. Би бил изненаден доколку има било какви задкулисни игри затоа што Кими не е таков возач – го искажа својот став тимскиот шеф на Ред Бул.

Дека нема намера позади сударот смета и првакот од 2016 година, Нико Розберг.

Одговорот е едноставен, а тоа е дека немаше намера 100%. Бевме сведоци и на трката во Австрија дека Кими не вози за Себастијан.

Во Австрија Кими беше на второ место, Себастијан на трето и не го пушти да го мине пред крајот на трката. Не ни размислувале за тоа, не ни преговараа преку радиото.

Кими вози за себе. Ја утна работата во Англија, предоцна закочи, ги блокираше предните тркала и удри во Луис. Тоа не е вообичаено за него затоа што такви работи не му се случуваат и поради тоа можеби е чудно. Но, дефинитивно немаше намера, но си ги заслужи 10те секунди казна и двата казнени поени – смета Розберг.


Хорнер: Кими не е возач кој намерно удира

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>