Хорнер и Марко: Двајцата се криви

271

Видно вознемирениот Советник во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, смета дека двајцата возачите на тимот се виновни за сударот во 40от круг од Азербеџанското Гранд При. Макс и Дани се бореа за позиција цела трка, доаѓајќи во контакт со болидите на неколку наврати. Но, 40от круг беше кобен кога во пресрет на првата кривина тие претераа.

Ги оставаме да се тркаат, а тие прават ваква глупост. Неверојатно. Двајцата погрешија. Беше тркачки инцидент помеѓу нив, нема вина кај никој од нив.

Секогаш ги оставаме нашите возачи да се тркаат, немаме број еден и број два возач, но очекуваме многу поголем одговорност од нив – смета Марко.

Тркачкиот директор на екипата, Кристијан Хорнер, размислува исто како и Марко, сметајќи дека двајцата се виновни.

Знаат дека ја “зезнаа“ работата денеска и ќе се извинат на сите во тимот од прв д последен.

Им дозволуваме да се тркаат како што сакаат, зборуваме со нив на тимските состаноци за да си даваат доволно простор, но ова беше кулминација на двајца возачи кои ги земаат работите во свои раци, што не требаше да се случи.

Имаше три инциденти помеѓу нив во текот на трката. Се допираа со тркалата и им кажавме да се смират, но не сакавме да се мешаме во нивните трки. Не обвинуваме никого посебно, двајцата се кривини.

Наша намера е да продолжиме да им дозволуваме да се тркаат, но мора да покажат почит и да си даваат место. Ги потсетивме дека се дел од тим, дека се високо платени професионалци и екипата мора да биде пред се. Оваа порака им ја кажавме многу јасно и гласно.


Хорнер и Марко: Двајцата се криви

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>