Хорнер задоволен од 150от подиум

28

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер е задоволен од перформансите на тимот за време на Големата награда на Шпанија каде стигнаа до 150от подиум во историјата. Макс Верстапен стигна до тоа одличје благодарение на 3то место, а Ред Бул стигна до јубилејниот број на подиуми во својата 250та трка. Даниел Рикардо освои дополнителни поени со своето 5то место.

Пред Ред Бул според освоените подиуми се Мерцедес со 161, Лотус со 172, Вилијамс со 312, Мекларен со 485 и секако Ферари со 732.

Добери перформанси и подиум што значи наш 150ти, заслужено и важно постигнување за тимот. Исто така тоа е прв подиум за Макс сезонава што ќе биде добро за зголемување на неговата самодоверба по 4 не толку добри трки.

Имавме силен ритам успевајќи да имаме навистина доста долга серија со меките гуми, речиси половина трка. Менувањето на медиум знаевме дека ќе не стави во добра позиија за остатокот од трката.

За жал Макс имаше оштетување по контактот со Вилијамсот на Ленс Строл за време на Виртуелното безбедносно возило, но и покрај тоа имаше доолно ритам да си ја задржи позицијата пред Себастијан и да стигне до подиум.

Даниел имаше утешителна трка, но најбрзиот круг покажа дека новините и подобрувањата кои сме ги донеле во Шпанија викендов се полн погодок. За жал загуби малку со излетувањето за време на ВБВ периодот, но имаше конкурентен болид – смета Кристијан.


Хорнер задоволен од 150от подиум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>