Хорнер: Возачите знаат како треба да на квалификациите

145

Кристијан Хорнер се обиде да ги отстрани недоразбирањата помеѓу возачите на Ред Бул откако Даниел Рикардо и Макс Верстапен се скараа кој кого “да повлече“ во текот на последниот квалификациски сегмент во Австрија.

Австралијанецот смета дека Макс добил помош откако тој морал да излегува пред него во текот на трите обиди во К3, но Хорнер вели дека бил негов ред да работи за тимот.

Имаме едноставна политика согласно која работиме последните седум години, а тоа е дека ги менуваме возачите секој следен викенд во однос на тоа кој пред кого ќе излезе на патеката. Тоа е единствен начин да останеме фер независно од тоа на која патека се квалификуваме, така што викендов беше редот Даниел да излезе прв од гаражата.

Рикардо сметаше дека Макс има корист од тоа што е зад него и поради тоа силно забави. Сметам дека 5то и 7мо место веројатно е најмногу што можевме денеска и се надевам дека можеме да имаме подобар ритам утре на трката.

Возачите добро знаат дека секој викенд се менуваме и тоа е правило. Минатиот викенд Макс излегуваше прв, а Даниел го следеше. Следниот викенд ќе биде обратно од сега. Дури и на состаноците по крајот на трките јасно кажуваме како ќе биде наредниот викенд за да им е јасно на сите.

Ситуацијата е јасна и нема што повеќе да се разговара за тоа – заврши Кристијан Хорнер.


Хорнер: Возачите знаат како треба да на квалификациите

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>