Хонда свесни дека им фали моќ

193

Шефот на Хонда, Тојохару Танабе, признава дека на производителот сеуште му фали моч споредено со ривалите оваа сезона и покрај финишот во поени на последната трка во Азербејџан. Танабе е свесен дека на Торо Росо му фалеше брзина низ улиците на Баку, особено видливо низ долгата стартна рамнина по што е јасно дека мора повеќе да работат на извлекување “коњи“ од агрегатот.

Го знаеме тоа и работиме на развојот на моторот за да се подобриме, а во исто време гледаме и да не ја загрозиме издржливоста на никоја од составните компоненти на моторот.

По тешките први два дена во Баку, двајцата возачи завршија одлична работа што останаа надвор од проблеми во хаосот на почетокот и успејаа да напредуваат во однос на стартните позиции. Пјер беше во поени во првиот дел на трката, но и кон крајот на истата и штета беше што имаше инцидент со Магнусен.

На крајот, искористивме од грешките на останатите со Брендон Хартли кој заврши како 10ти и ги освои своите први поени во Формула 1 кариерата – анализира Танабе.


Хонда свесни дека им фали моќ

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>