Хонда размислува за моторот на Хартли

118

Техничкиот шеф на Хонда, Тојохару Танабе откри дека јапонците ги разгледуваат опциите кои им се на располагање, а во врска со моторот на Брендон Хартли кој е многу блиску до казна по сударот во Т3 пред квалификациите во Шпанија.

Поради сударот, новозеланѓанецот не учествуваше на квалификациите, но неговит емеханичари дадоа се од себе да го оспособат неговиот болид за трка. Тој доби нов мотор со внатрешно согорување, нови МГУ-Х и МГУ-К делови од Системот за повраток на енергијата, турбо полнач, контролна електроника, батерија како и менувач. Оваа промена го донесе до третиот хибриден МГУ-Х дел и турбо полнач сезонава, така што следната промена му носи казна.

Хонда во Сакура ќе го испита целосно моторот барајќи начин да спаси нешто од него, но Танабе е во секојдневни консултации со Торо Росо за менаџирање со ситуацијата и тактичка промена по која ќе следува казна.

Ги разгледуваме и анализираме опциите. Ќе го провериме оштетениот мотор, но “на прва“ изгледа како штетата да е голема.

Ние ќе предложиме опции во однос на моторот, а потоа ќе работиме заедно со Торо Росо за подобро да ја менаџираме ситуацијата.

Секако дека никој не знае што ќе се случи уште на следната трка – појасни Танабеч.


Хонда размислува за моторот на Хартли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>