Хонда повторно со нов мотор кај Хартли

108

Брендон Хартли повторно ќе мора да стартува од последно место и во Австрија откако Хонда, чисто од тактички причини, се реши да вгради нов мотор во неговиот Торо Росо болид.

Новозеланѓанецот ги заврши вчерашните квалификации на 19то место откако се мачеше за ритам и брзина во текот на сите дотогашни тренинг сесии.

Јапонците од Хонда се решија да му дадат нови 6 компоненти, односно цел агрегат со цел да додадат резерва за следните трки доколку се случи нешто непредвидено. Со моторот на Харли се било во ред.

Хонда потврди дека промената е направена од тактички причини со оглед што возачот се квалификувал во последниот ред и дека нема никаков проблем со нивниот агрегат.

Поради промената, Хартли ќе “падне“ едно место, наместо да стартува пред Маркус Ериксон, ќе почне зад него.


Хонда повторно со нов мотор кај Хартли

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>