Хонда нема многу да притиска со подобрувања

137

Техничкиот шеф на Хонда, Тојохару Танабе, изјави дека производителот ќе биде многу претпазлив и нема да притискаат со новини и дополнителна моќ од агрегатот.

Изминатите години нивниот мотор беше познат по недостатокот на перформанси и издрќливост, но новото партнерство со Торо Росо ги стабилизираше. Следниот чекор е нов мотор во Канада, кој ќе биде насочен на задржување на балансот помеѓу моќта и издржливоста.

Засега издржливоста изгледа стабилно, но мораме да бидеме претпазливи да не притискаме премногу за перформанси затоа што мораме да го задржиме балансот. Имаме многу за работа и се мора да биде долгорочно решение. Ако развиеме нешто и го воведеме во моторот, мора да биде издржливо. За секоја работа која ги подобрува перформансите потребно е време – смета Танабе.

Францускиот возач на тимот, Пјер Гасли, е нетрпелив да види што Хонда ќе донесе во Канада.

Мораме да почекаме до првата петочна сесија за да ја видиме разликата. Научив дека во Формула 1 е подобро да почекате да се монтираат новите делови затоа што некогаш не работи се како што треба, а некогаш подобро од очекуваното. Но, возбуден сум и сигурен дека ќе напреднеме во вистинска насока.

Канада ќе биде важна и за Ред Бул затоа што најавија дека ќе ги споредуваат податоците од моторите на Рено и Хонда, а со цел да одлучат од каде ќе земаат мотори догодина.


Хонда нема многу да притиска со подобрувања

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>