Хокенхајм сака поповолен договор

65

Договорот на Хокенхајм за организација на Големата награда на Германија истекува годинава, така што германците бараат нов договор кој нема во себе да има толкава доза на ризик како тековниот. По период каде беше самостоен организатор на трката, Хокенхајм од 2008 година наизменично ја организира трката менувајќи се со Нирбургринг, но во 2015 и 2017 година трката не се одржи поради финансиските проблеми на Нирбургринг, а Хокенхајм не можеше да излезе во пресрет проади непредвидените трошоци.

Годинешнава трка треба да е последна согласно тековниот договор, така што организаторите бараат подобар договор од новите сопственици на тркачката серија.

Не можеме да продолжиме да работиме под услови какви што имаме сега, така што би сакале договор кој ќе го оттргне ризикот од нас. Ние сме патека која нема финансиска поддршка од никого, нити од државата нити од регионот нити од некоја огромна компанија и поради тоа се менаџираме самите.

Имавме загуби во минатото, имаме 10-годишен договор и целосно го испочитувавме, имавме и добри и лоши моменти во Формула 1, но секогаш го правевме тоа што се бараше од нас.

Сега дојде времето да не можеме да продолжиме на ист начин. Би биле многу, многу среќни Формула 1 во Германија да продолжи кај нас, најмногу проади фановите, тоа е клучно – објаснуваат од организацијата на трката.

Патеката веќе дала свој предлог до Формула 1 за идна организација, така што топката е кај американците да решат како понатаму.

Сметаме дека бизнис моделот по кој работевме треба да се промени. Можеме да одиме со изнајмување на патеката, тоа е најлесно, но можеме и со поделба на приходите од продадените влезници или поделба на трошоците. Сега се е прашање на преговори и како тие ќе завршат, има многу модели кои може да се одберат кои имаат значително помалку ризик. ние ги презентиравме нашите идеи, бројките, многу транспарентно одевме бо детали. На потег е Формула 1.

Иако германците повторно изразија подготвеност да го делат Германското Гранд При со Нирбургринг, сепак не би имале ништо против и да бидат единствени организтори на трката се додека истото е економски прифатливо.

ИДеално решение е да се менуваме со Нирбургринг затоа што тоа досега се покажа добро. Веруваме во фактот дека две големи и познати патеки во Германија може одлично да се надополнуваат.

Сепак, не поставуваме никакви услови, можеме и сами секоја година, но прво треба да го усогласиме ризикот и моделот. Докажавме дека можеме да менаџираме со се во минатото и никогаш не сме имале проблем.


Хокенхајм сака поповолен договор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>