Хартли: Притисокот ме потсетува зошто сум во Ф1

54

Брендон Хартли смета дека понекогаш големиот притисок поврзан со фактот што е Формула 1 возач го потсетува зошто ужива во својата работа.

28-годишниот тркач од Нов Зеланд се врати на Гранд При трките по успешниот период во WEC првенството со тимот на Порше. Играта на “музички столици“ во Торо Росо при крајот на 2017 година му ја овозможија големата шанса да се врати во јуниорскиот тим на Ред Бул.

Но, новата атмосфера значеше и нов предизвик и поголем притисок, но и потреба тој да се потсети за суштината на тоа што го работи.

Имаме повеќе медиумски контакти од недела до недела, така што мислам дека повеќе внимание е насочено кон нас. На некој начин, има поголем притисок во Формула 1 бидејќи сте само еден возач во еден болид, наместо тројца.

Уживам во овв. Морам да се потсетувам зошто го правам сето ова и зошто уживам во истото, а тоа е поради големиот притисок.

Лесно е да го загубите фокусот со сите притисоци во Формула 1. Не е поинаку од други спортови кога сте навистина професионалец – вели Хартли.

Хартли за првпат ќе се трка во Монтреал викендов, но по новите аеро подобрувања на болидот на Торо Росо, дополнети со новините од Хонда, му даваат оптимизам.

Никогаш не сум бил во Канада претходно и сите возачи ми рекоа дека оваа патека е една од најдобрите на календарот, така што одиме од една најдобра, Монако, на друга, Канада.

Тоа делумно е и улична трка, што многу ми се допаѓа, иако е многу побрза од Монако, а и бариерите не се толку блиску, освен во некој делови. Подобрувањата во аеродинамиката на минатата трка изгледаа добро, а тимот работи многу напорно за да ги имаме и потребните перформанси, така што сум оптимист за овој викенд – додаде Хартли.


Хартли: Притисокот ме потсетува зошто сум во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>