Хартли помина на медицинската проверка

55

Брендон Хартли доби зелено светло по задолжителната медицинска проверка по неговиот судар во првиот круг од Канадското Гранд При.

Возачот на Торо Росо имаше контакт со Ленс Строл од Вилијамс во свиокот број 5, обидувајќи се да го претекне возачот од надворешната страна. Строл изгуби контрола над својот болид и странично отиде кон Хартли, испраќајки го во заштитната бариера од која што возачот на Торо Росо летна во воздух, за на крајот обајцата да завршат во бариерата од свиокот 6.

И двајцата возачи беа испратени во медицинскиот центар, а Хартли беше пренесен во болница со хеликоптер за дополнителни испитувања. Тој поминал низ 2 електро-кардиограм тестови, а од ФИА истакнаа дека резултатите биле нормални. Накратко тој беше вратен на патеката. Строл во меѓувреме даде своја изјава за медиумите крај патеката.

Имав добар старт и се здобив со неколку позиции. Бевме еден покрај друг во свиокот 5, мојот болид изгуби контрола, се обидов да се исправам, но немаше доволно простор за двајцата.

Дури успеав да го исправам болидот, веќе имавме контакт и удривме во ѕидот – изјави Строл.

Официјалните стјуарди на трката се согласуваат со мислењето на Строл и по кратка истрага не сметаа дека е потребна казна за било кој од возачите.


Хартли помина на медицинската проверка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>