Хартли охрабрен од личниот напредок

32

Возачот на Торо Росо, Брендон Хартли, изјави дека е охрабрен од личниот напредок во однос на квалификациите сезонава, дел којшто е многу значаен на Шпанското Гранд При. Новозеланѓанецот влета експресно во болидот на Торо Росо при крајот на минатата сезона, имаше малку време да се навикне на серијата, но долгата зимска пауза многу му помогнала. Како награда дојде и првиот поен во неговата Формула 1 кариера освоен низ улиците на Азербејџан.

Квалификациите се многу важни во Шпанија затоа што претекнувањето воопшто не е лесно. Засега оваа сезона сум релативно среќен со моите квалификации особено ако се споредам со лани, но сеуште треба да го развијам моето разбирање за работите, особено менаџирањето на гумите.

Чувствувам дека се повеќе го разбирам болидот и гумите, а тоа ми дава самодоверба на квалификациите. Тоа е еден од најинтересните моменти во текот на викендот затоа што нивото на гориво е ниско, гумата се користи до максимум и се користи целиот потенцијал на болидот.

Менаџирањето на гумите е многу важно на патеката затоа што дури и на квалификациски круг, треба да се грижите за задните гуми затоа што во последниот сектор ви треба навистина многу тракција. Лесно може да ги уништите задните гуми во првиот дел од кругот со неколкуте летечки кривини, но предизвикот е таков – заврши Хартли.


Хартли охрабрен од личниот напредок

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>