Хартли: Нашата форма не беше доволно добра

57

Иако стигна до својот прв поен во Формула 1 кариера, Брендон Хартли изјави дека неговата екипа немала доволно добра форма за борба со другите екипи во средината.

Хартли ја искористи хаотичната трка во Баку и се пласираше на 10то место по разочарувачки старт на викендот. Тој избегна инциденти во текот на 51 круг и смета дека поените се само резултат на несреќата на другите.

Трката беше интересна. Од моја гледна точка, возев чиста трка, но навистина немав доволно добра форма за да се борам со другите. Во областите каде што требаше да претекнуваме, едноставно не можев да се приближам доволно блиску.

Имаше многу драма околу мене, но успеав да избегнам контакт и да стигнам до својот прв поен, што е одлично.

Беше важно да стигнам до крајот, особено по тешкиот викенд. Мислам дека во некои делови од трката, темпото беше ок, но на ултрасофт на крајот не успеав да ги нападнам тие пред мене.

Би сакал да можев да нападнам, но ќе бидам среќен со еден поен. Ќе го искористам ова како моментум за следната трка – изјави Хартли.


Хартли: Нашата форма не беше доволно добра

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>