Хартли благодарен на механичарите

33

Брендон Хартли е благодарен на своите механичари кои завршиле фантастина работа во поправка на неговиот болид по сударот кој го имаше на Т3 во пресрет на квалификациите. На крајот од неделната трка, новозеланѓанецот заврши на 12то место.

Возачот не учествуваше на квалификациите во Барселона поради тоа што механичарите работеа напорно да му дадат болид подготвен за трка.

Имав чист старт и напредував неколку позиции уште во првиот круг. Механичарите направија фантастична работа да го подготват болидот за трка до доцна во ноќта, а сетапот всушност беше направен утрото пред трка.

Одлучивме да промениме гуми за време на Безбедносното возило и да одиме одма на медиум компонетата со едно влегување до крајот на трката. Стратегијата беше добро, но загубивме неколку позиции.

Беше тешко да се претекнува и мислам дека некои болиди околу нас има поголема максимална брзина поради што беше тешко да се следат.

Добро го минав Маркус и на крајот завршив на 12то место. Ако минев малку порано мислев дека ќе имав шанса за една позиција погоре – објасни Хартли.


Хартли благодарен на механичарите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>