Хам очекувал моторот да откаже секој круг

669

По трката на која успеа да дојде до 5то место, Луис Хамилтон беше лут на правилата околу моторите во Формула 1. Тој се плашел дека неговиот мотор кој го вози од почетокоте на сезоната ќе откаже, а сето тоа предизвикано од доцнењето на новата спецификација од Бриксворт.

Возачите имаат право на само три мотори годинава пред да им бидат доделени казни на стартот.

Се надевам дека следната година нема да ни дадат само по два мотори затоа што тоа ќе биде комично. Дефинитивно многу е позабавно кога имате повеќе мотори на располагање, а фактот што првенството може да го одлучи издржливоста на моторот го прави спортот непривлечен. Всушност сакате вистински перформанси, а добивате трката на издржливост по што тркачката серија оди во погрешна насока – нерасположен беше Луис.

Актуелниот првак успеа да стигне само до 5то место на трката, по што го загуби водството во генералниот поредок од Себастијан Ветел. Сепак, тој се смета за среќен поради тоа што ја завршил трката.

Благдарен сум што ја завршив трката и среќен сум затоа што од самиот старт ми недостасуваше моќ, моторот беше прегреан и не можев да го оладам доволно. Си мислев дека ќе откаже секој круг, возев на граница и очекував одеднаш да престане да испорачува. Можев да загубам многу повеќе поени денеска.


Хам очекувал моторот да откаже секој круг

16 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Valdet Ademi
    Valdet Ademi
    Остави коментар

    Dobro e, champ Lew. 10 poeni se 10 poeni, namesto 0! Sleduvaat tri trki kade Sto silinata na motorot kje bide kluCna, a so nov motor Sansite se idealni za dominacija na Mercedes AMG!
    P. S. Se nadevam nema da praat propust vo fabrikata i kje go donesat noviot motor na slednata trka!

  • Angel Krepiev
    Angel Krepiev
    Остави коментар

    Сега се јави овој а?! Кај беше пред некоја година кога важеа слични правила (само бројот на мотори беше друг)? Или тогаш ти одговараше бидејќи другите го имаа тој проблем! Затоа го мразам!

    • Nikola Dimovski Makedonski
      Nikola Dimovski Makedonski

      Ангел ако се сеќаваш во трката кога Рикардо рече дека Хамилтон има проблем со болидот , значи тој гледа и појше знае од нас јас верувам дека е така и Мерцедес закаснија со смена на моторот ќе видиш другата трка кога ќе го сменат моторот која сила ќе ја има , не мора да се сложиш со мене се до другата трка и тогаш ќе коментираме дали сум во право .

    • Angel Krepiev
      Angel Krepiev

      Ај прочитај ја веста, па препрочитај го мојот коментар. Мене ич не ми е гајле дали му бил или не добар моторот, дури и кејф ќе ми беше да му рикнеше. Неговата изјава дека глупи биле правилата за лимитирање на бројот на мотори. Не е тоа ново правило, каде беше до сега да се побуни.

    • Nenad Dimitrijevik
      Nenad Dimitrijevik

      Muabetov ti nema vrska. Dosta hejtate uzivajte vo sportot. Temata so motorot na Mercedes se zborese uste nedela pred trkata. Ama posto neli vie ste eksperti pa znaete nema potreba da vi objasnuvam deka sky sports go zborea istoto i imase milion intervjua okolu toa. Ama da vie mozete da sudite spored toa sto gledate na kvalifikacii i trka

    • Nenad Dimitrijevik
      Nenad Dimitrijevik

      Angel Krepiev plus od sekogas site soferi se bunele za ogranicuvanjeto so motorite samo sto treba da procepkas po internet informaciite ti se na tacna

    • Angel Krepiev
      Angel Krepiev

      Ненад, незнам од кога гледаш Ф1 ама одамна нема уживање во овие трки ко воз наредени.
      За Хамилтон де ајденајди кога критикувал за лимит на моторите кога Мерцедес беа супериорни. И на крај, многу убаво знам што зборуваа за моторот нивен и се е кажано со изјавата на Волф (ние бевме срање).