Хамилтон: Ќе заспиев од досада

1117

Луис Хамилтон призна дека ако требало да ја гледа Големата награда на Монако на телевизија ќе заспиел од досада. Британецот стигна до 3то место од кое стартуваше на почетокот, не “ќари“ и не загуби ниту една позиција низ улиците на кнежевството.

Гумите не беа добри, сите возевме многу бавно, додека се тркавме помислив дека цела трка само вртевме во круг и не нападнав ниту во еден наврат.

Мислам дека нема човек кој не задремал на трката затоа што јас би заспал на каучот дефинитивно гледајќи таква трка – изјави Луис.

Предноста на Хамилтон е намалена за 3 поени во однос на пред трката затоа што Ветел заврши пред него. Но, британецот не е воопшто загрижен.

Благодарен сум затоа што лани во овој период заостанував 25 поени во однос на Ветел. Загубив три поени од него денеска, но тоа се само три и поради тоа сум благодарен – заврши Хам.


Хамилтон: Ќе заспиев од досада

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>