Хамилтон “удри“ по Ветел за опасен рестарт

483

Луис Хамилтон смета дека рестартот на трката спроведен од Себастијан Ветел како првопласиран зад Безбедносното возило бил многу опасен поради тоа што германецот неколку пати забрзувал и забавувал. По инцидентите од првиот круг се појави Безбедносното возило по што Себ ја предводе колоната, со Хам зад себе.

Луис преку радиото се пожали на опасното возење на Ветел сметајќи дека не смее нагло да забрзува, а потоа нагло да забавува.

Правилата велат дека кога Безбедносното возило е на патеката не смее нагло да забрзувате, а потоа нагло да забавувате. Не смее да си “играте“ со педалот за гас и сопирачката затоа што доколку не постоеше тоа правило, сигурно ќе го фатевте “на заспано“ оној кој е зад вас и лесно ќе побегнете.

Смее да одите лево десно и да ги загревате гумите, но не смеете да забрзувате и запирате. Ако ги погледате времињата и четирите рестартови кои јас ги предводев лани, никогаш не го правев тоа.

Во Австралија, Себастијан забрза и потоа закочи, а јас за малку ќе го удрев од позади. Денеска го направи тоа мислам дека беа четири пати.

Стјуардите велат дека сите останати болиди го прават тоа, но ние сме лидери, на почеток на колоната и се се пренесува кон оние позади, домино ефект, тоа што го прави првиот, мора да го прават и останатите – обвинува Хамилтон.

Британецот смета дека направен е преседан кој ќе се рефлектира и во јуниорските серии каде има почети вакви прекини. Поради тоа, Хам откри дека ќе разговара со Чарли Вајтинг на следниот брифинг со возачите во пресрет на трката во Шпанија.

Тоа што сега се прави е преседан што значи дека сите кои ќе бидат на прво место зад Безбедносното возило ќе забрзуваат и забавуваат кога ќе посакаат. Тоа ќе се рефлрктира и во Формула 2, Формула 2 и Формула 4 затоа што минува без казна.

Мора тоа да биде објаснето и на следниот брифинг ќе го поставам тоа прашање затоа што не сфаќаат дека доколку минува неказнето ќе гледаме ногу такви случки во иднина.

Очекувам никој да не ме обвини дека следниот пат кога ќе се тркам против Ветел, да го донесам болидот паралелно со неговиот за да избегнам да го удрам одзади – заврши шампионот.


Хамилтон “удри“ по Ветел за опасен рестарт

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>