Хамилтон трепереше по крајот на квалификациите

707

Луис Хамилтон беше преполн со емоции откако на мускули стигна до нова пол позиција, “крадејќи го“ најбрзото време од Себастијан Ветел во својот последен летечки круг. Германецот имаше провизорна пол позиција, но во својот втор обид во К3 времето на актуелниот првак беше побрз за 44 илјадити делови од секундата.

Освен тоа што го остави зад себе Ветел за речиси 5 стотинки, го остави и Раиконен за една десетинка.

Овие момци, домашните навивачи се најдобри. Човече дадов се што имам во последниот круг и бев толку блиску до овие Ферари, а се молев да успеам да освојам нова пол позиција за публиката. Без мотивот од публиката немав шанса да дојдам до најбрзиот круг денеска – изјави Хам по крајот на квалификациите.

Британецот стигна до рекордна 6та пол позиција во Британија.

Се чувствувам како крал на ноќта и крал на денот. Ферари извлекоа фантастични времиња во К2 и сватив со кого си имаме работа.

Склопување на кругови како денеска беше толку тешко што не се сеќавам кога било потешко. Дадов се од себе, се што имав за да стигнам до ова време.

Имав фантастично голем притисок денеска, огромен притисок, но благодарен сум до сите во екипата кои толку напорно работеа – заврши Луис.

Пол позицијата беше јубилејна 50та за Хамилтон во сребрениот болид,  а 4та по ред на легендарниот Силверстон.


Хамилтон трепереше по крајот на квалификациите

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>