Хамилтон смета дека моторот на Ферари е најдобар

801

Луис Хамилтон од Мерцедес е на иста страна со доктор Хелмут Марко од Ред Бул кога велат дека моторот на Ферари во моментов е најсилен агрегат на Формула 1 гридот. И покрај годинешните зголемени барања за издржливост на моторот, напорите на италијанците да ја зголемат моќта вродиле со плод.

Во текот зимата, под диригентска палка на Карадо Лоти, во Маранело се работело напорно на зголемување на моќноста и перформансите на агрегатот во брзите и средните кривини.

Имаат супер мотор. Нашата шасија веројатно е најдобра од првите три екипи, но не можеме никако да ги минеме. Имаат голема залиха на моќ – појасни Кристијан Хорнер за бразилски Globo.

Не мора многу да се трудите за да видите дека се импресивни во однос на моќноста од моторот – се согласува доктор Хелмут Марко.

Пред нас се кај моторот, нема сомнеж за тоа – јасен е  Луис Хамилтон.

Тоа што имаме тековна спецификацја на моторот на Ферари прави огромна добивка за нас. Се подобруваме кај шасијата чекор по чекор, но имаме неверојатно голема помош од моторот – јасен е и Фредерик Васур, тимскиот шеф на Заубер.


Хамилтон смета дека моторот на Ферари е најдобар

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>