Хамилтон: Рикардо заслужува многу повеќе од Ред Бул

176

Луис Хамилтон смета дека на Даниел Рикардо му е добро во Ред Бул, но заслужува многу поголема плата доколку се одлучи да остане кај нив и по крајот на оваа сезона. 28-годишникот нема договор за следната година и сака да ги види перформансите на сите екипи пред да се одлучи каде ќе вози.

Мислам дека неговата иднина е таму. Тој е врвен возач и реално е да размислува само уште за Ферари и Мерцедес, но кај нас мислам дека ништо нема да се промени следната година.

Ако ги анализирате Ферари, претпоставувам дека Кими ќе сака да продолжи, годинава одлично му иде и изгледа како да не старее – смета актуелниот првак.

Хам смета дека опциите на Рикардо не се многу на број, но е сигурен дека австралијанецот треба да заработува многу повеќе од Ред Бул, тим кој ги обебеди услугите на Макс Верстапен до крајот на 2020 година плаќајки многу пари.

Од тоа што јас го знам неговиот тимски колега заработува многу повеќе пари од него, а Рикардо е многу поконстантен, одлично вози и има фантастични резултати. Важно е тимот да ве цени колку што вредите, а во моментов тој веројатно е главен возач на тимот и е во добра позиција.

Во одреден момент, Ред Бул ќе добијат нов мотор и ќе бидат уште повлиску до нас, тој треба само да ја спушти главата и да продолжи како досега – заврши Хамилтон.


Хамилтон: Рикардо заслужува многу повеќе од Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>