Хамилтон: Перформансите се подобри од очекуваното

113

По прославата на две последователни победи во Азербејџан и Шпанија, Луис Хамилтон очекува тешка трка во Монако за неговата екипа викендов. Но неговите перформанси по првите две тренинг сесии му даваат причина за оптимизам на британецот.

Хамилтон и порано имал потешкотии низ улиците во Монако, откако минатата година заврши на седмо место, трка во која Себастијан Ветел победи пред Кими Раиконен за 1-2 на Ферари.

Откако Ред Бул прикажаа одличен потенцијал низ бавните сектори во Шпанија, британецот смета дека Мерцедес ќе имаат потешкотии викендов. Но, по третата позиција во Т1 и четврто место во Т2, Хамилтон гледа позитивно на нештата.

Денот беше ОК, немавме никаква оштета, што е добра работа. Изјавив дека Ред Бул ќе бидат брзи тука. Очекувано, ние повеќе се мачевме. Болидот е добар во некои места, во други е лош.

Имаме неколку работи на кои може да работиме, имаме подобар план од минатата година. Поблиску сме до Ферари и Ред Бул од очекуваното, но сеуште заостануваме. Имаме доста за надоместување доколку сакаме да бориме за победа. Мора да продолжиме со работа на сетапот и да најдеме дополнителен потенцијал во болидот – изјави Хамилтон.


Хамилтон: Перформансите се подобри од очекуваното

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>