Хамилтон: Многу е брзо, но и нерамно

282

Луис Хамилтон смета дека новата подлога во Силверстон е многу нерамна и е сигурен дека неделната трка ќе биде физички најтешка оваа сезона. Организаторите го променија асфалтот на почетокот на годината со цел да им угодат на МотоГП возачите, но и покрај тоа неколку Формула 1 возачи се жалеа на нерамнините.

Луис имаше најбрзо време на Т1, но заостана две десетинки зад Себастијан Ветел на Т2 сесијата, иако на крајот на денот го имаше севкуно најбрзото време.

Патеката е побрза од било кога, минувам со полна гас низ Копс, низ првите две кривини со ДРС и лудо е колку е брзо. Колку побрза станува патеката толку станува и подобра, остана една од најдобрите во светот и се чини како да се возите наоколу со млазен борбен авион.

Покрај тоа ова е патеката со најмногу нерамнини на која сум возел, слично е како на Нордшлајфе на Нирбургринг. Со брзините со кои се движиме и со Г-силите на кои сме подложени мислам дека ќе биде физички најтешката трка на календарот.

Денеска бев на софт и медиум компоненти, софт по мене е подобар избор одошто медиум, а и добри се со издржливоста, што е импресивно со оглед на товарот кој го трпат во текот на кругот.

Ќе биде многу, многу густо викендов затоа што Ферари се навистина многу брзи. Не очекува сериозна борба што е фантастично за навивачите – заклучи Луис.


Хамилтон: Многу е брзо, но и нерамно

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>