Хамилтон застана во одбрана на Мерцедес

154

Луис Хамилтон застана во одбрана на неговиот тим Мерцедес, нарекувајќи ги “најдобрите стратези“ во Формула 1, по критиките кои беа упатени по Австриското Гранд При.

Грешка во стратегијата при периодот на виртуелно безбедносно возило го чинеше Хамилтон водството во трката, откако Мерцедес се одлучи да го задржи британецот на патеката, додека сите останати на челните позиции ја искористија можноста да влезат во боксовите.

Хамилтон кој на крај мораше да се откаже поради проблем со притисокот на гориво, се врати на патеката по боксовите на четвртто место, по што следуваше извинување од главниот стратег Џејмс Вауелс. Тото Волф истакна дека не се потребни промени.

Запрашан за ситуацијата за време на прес конференцијата на возачи за Британското Гранд При, Хамилтон го изјави следното:

Мислам ако погледнете на сезоната, имаше такви ситуации и во други екипи. Ферари изгубија поени, Ред Бул изгубија поени. Секоја екипа носи многу одлуки, едноставно се случува.

Се надевам дека нема да влијае на титулата. Но неможам да предвидам што ќе се случи понатаму. Се што можам да кажам е дека навистина мислам дека го имам најдобриот стратешки тим позади мене. Погледнете колку победи имам со оваа екипа. Никој не е совршен. Едноставно тоа е дел од спортот, не постои начин да се биде совршен.

Знаевме дека ќе биде тежок викенд и секако се надевавме дека нема така да заврши. Тоа што нема да ве убие, ќе ве направи посилен. Духот на оваа екипа е посилен од било кога. Искуството кое го имаме и како се справуваме со сето ова навистина не обедини повеќе од минатите години – изјави Хамилтон.

Австрија беше само втора трка во периодот на В6 моторите за два болида на Мерцедес да не завршат трка, но Хамилтон вели дека тој нема грижи околу издржливоста.

Луѓе сме, така што нормално, секоја индивидуа ќе размислува околу тоа помалку. Но не смеам да дозволам тоа да ми пречи во викендот.

Секој викенд го имате истиот менталитет, се надевате болидот да биде издржлив. Неможе да предвидите што ќе се случи, но тоа нема да биде пречка и сигурен сум дека за повеќето во оваа екипа, ништо нема да ни се испречи на патот.

Имаме неколку решенија за проблемите по Австрија, ги тестиравме. Тимот заврши одлична работа. Убеден сум дека направивме се што може за да не се случи повторно – додаде Луис.


Хамилтон застана во одбрана на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>