Хамилтон: Верував дека ќе победам

515

Луис Хамилтон падна на 18 позиција по стартот на трката во Британија избегнувајќи оштетување, но сепак сметал дека може да победи на трката.

Тој стартуваше од пол позицијата, но имаше лош старт и го изгуби водството. За работите да бидат полоши по неколку свиоци имаше контакт со Кими Раиконен и ја продолжи трката од крајот. Сепак на крајот успеа да дојде до втората позиција.

Очигледно ‘e има тешка битка оваа година и можеби е најинтензивната до сега и ние сме благодарни што болидот остана неоштетен. Верував дека ќе победам и ментално бев спремен да тргнам од крајот.

На почетокот чувствував нешто во задниот дел но се беше во ред и се подобруваше во текот на трката. Враќање на втора позиција е одлично за нас. Среќен сум со успехот и за тоа што го направи тимот и напорната работа – појасни Луис.

Британецот беше задоволен со одлуката на Мерцедес да не го внесе во бокс да ги замени пневматиците.

Сите пред мене влегоа во пит и тоа беше можност да дојдам до трето место. Мислам дека беше вистинската одлука. Ако ги следев сигурно ќе бев зад нив и ќе имавме еднакви гуми со кои ќе се мачевме на крајот и немаше да бидам втор. Момците успеаа. За мене тоа беше точната одлука посебно за мојот болид.


Хамилтон: Верував дека ќе победам

12 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>