Хамилтон: Ботас го заработи местото во Мерцедес

174

Луис Хамилтон верува дека Валтери Ботас го загарантирал своето место во Мерцедес откако не успеа да победи на трката во Баку. Местото на финецот во Мерцедес е под знак прашање неколку пати откако дојде како замена за Нико Розберг.

Но, Ботас имаше добар старт на оваа сезона и можеше да отиде во Шпанија како водечки во генералниот пласман, но поради остатоци на асфалтот тој не успеа да ја заврши трката. Победникот на трката го одложи славењето на подиумот поради неговиот колега кој заслужи да е на пиедесталот.

Мислам дека тој го заслужи местото. Мислам дека тимот е среќен со него. Тешко е кога имаш вакви денови и подготвен си да победиш и загубиш се. Од почит кон него се обидов да му го кренам духот. Мислам дека не ме очекуваше – открива Хам.

Хамилтон го прераскажа моментот кога трката заврши за Ботас и тој се најде на водечката позиција на три круга пред крајот.

Тешко е на тие брзини со турбуленција и се. Одеднаш забавувате и гледате нешто бело и сјајно каде што обично е црно. Мислев дека нешто се случи со гумата и подоцна видов дека тој се откажува и сфатив што се случило. Немав време да сочувствувам со него и во тој момент бев водечки и морав да се осигурам дека ќе победиме.


Хамилтон: Ботас го заработи местото во Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>