Хамилтон: Ако е Англија во финале, ќе одам во Русија

372

Доколку Англија влезе во финале на Светското фудбалско првенство следната недела, Луис Хамилтон веќе има направено планови да оди во Русија како подршка за неговата земја. Англија во моментов е во четврт-финале каде ќе игра со Шведска, натпревар кој ќе се одигра веднаш по крајот на квалификациите во Британија.

Хамилтон до сега нема пропуштено многу натпревари на својата репрезентација и верува дека неговиот тим може да стигне до финалето откако последен пат учествуваше во во истото во далечната 1966 година кога беа домаќини на легендарниот Вембли.

Лудо е кога се гледа твојата екипа како игра. Тоа е во нашата ДНК и е лудо и возбудливо. Финалето е наредната недела и јас имам резервирано доколку играме во Финале ќе одам во Русија да го подржувам мојот тим. Целосно сум подготвен – најави Хам.

Да се стигне до финале нема да е лесно, прво треба да се победи Шведска и потоа да се игра со Хрватска или Русија. Хамилтон сепак верува дека тоа е можно.

Можам да замислам како им е на момците во моментов. Се надевам дека јадат и спијат добро и дека со нетрпение ја чекаат возбудата. Тие се под огромен притисок бидејќи се на Светско првенство но имаат голема подршка. Англија има многу фанови кои се најстрасни во спортот.


Хамилтон: Ако е Англија во финале, ќе одам во Русија

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>