Хакинен со поддршка до Ботас

283

Поранешниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, очекува неговиот сонародник Валтери Ботас да се врати уште посилен откако загуби сигурна победа по пукнатата гума на три кругови пред крајот на Азербејџанското Гранд При во Баку. Мика се најде во слична ситуација во Монца во 1999 година кога му се дупна гумата во последниот круг, а тогаш победата ја однесе Михаел Шумахер. Но, таа година финецот освои титула, така што убеден е дека и Валтери ќе има одлична сезона.

Разочарувањето може да се искористи за да станете уште посилни и сигурен сум дека Валтери ќе го стори тоа. Заслужи да победи и никој не веруваше кога неговата задна десна гума експлодираше на само три кругови пред крајот на трката.

И јас имав сличен инцидент во кариерата и бев премногу вознемирен. На почетокот од кариерата, кога немав многу победи зад себе, ваквите ситуации беа многу тешки за прифаќање затоа што навистина многу сакав да им докажам на механичарите и сите во екипата дека сум победник.

Но, кога сте поискусни, поинаку ги прифаќате тие работи. На пример, на почетокот од годината треба да земете празен лист и да ги напишете работите кои сакате да ви се случат таа сезона. Веројатно ќе имате три несреќи, два пати ќе ви откаже моторот и можеби еднаш ќе ви се дупне гума. Ова не е цел, но статистички секогаш се случува во текот на една долга сезона и нема потреба да се нервирате и лутите.

Кога работите тргнуваат во лоша насока, треба да испитате дали вие или тимот може да направите нешто поинаку, а потоа да продолжите понатаму.

Го гледав Ботас како доаѓа по правецот со над 300 кмч и се виде како минува над некои остатоци на патеката. Проблемот е што возачот седи многу ниско во болидот и невозможно е да види било што на патеката и да го избегне затоа што движењето при таа брзина е речиси 100 метри во секунда.

Инцидентот не можеше да се случи на лошо место, на почетокот од кругот, така што откажувањето на Валтери беше целосно неизбежно. Од мое искуство, вакво откажување е преголем шок затоа што од тркач станувате само патник кога гумата откажува и се фокусирате само да превземете каква-таква контрола врз болидот.

Кога брзината ќе се намали, тогаш почнуваат емоциите. Тоа е природна реакција, но многу е важно да не дозволите да ви влијаат премногу. Битно е да имате позитивна мисла и да се сеќавате колку добро извозевте – појасни Мика.


Хакинен со поддршка до Ботас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>