Хакинен во одбрана на Монако

193

Поранешниот Формула 1 возач, Мика Хакинен, застана во одбрана на трката за Голема Награда на Монако, откако истата беше критикувана од возачите и фановите годинава.

Знам дека некои возачи и фанови истакнаа дека трката беше досадна бидејќи е премногу тешко за претекнување.

Сепак, предизвикот да се вози во Монако е многу поголем од тоа, повеќе зависи од прецизноста потребна да се управува болидот во текот на 78 кругови, каде што една грешка може да се испрати во бариерите.

На оваа трка се борите со патеката, наместо со друг возач. Бара целосна концентрација и фокус.

Среќниот изглед на лицето на Рикардо во Недела навечер ме потсети на мојата победа во 1998 година. На секоја друга патека, вакви перформанси се невозможни, но во Монако максимална моќ не е толку важна, а патеката е тешка за претекнување.

Ако го позиционирате болидот правилно на патеката, станува неверојатно тешко за возачот позади вас да ве претекне – изјави Хакинен.


Хакинен во одбрана на Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>