Хаас фокусирани на брзина, а не на новини

43

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, застана во одбрана на својата екипа поради малиот број на новини претставени од почеток на сезоната. Многу екипи аеродинамички ги подобрија своите болиди на почетокот на европската турнеја, но кај американците тие проблеми беа навистина мали. Со оглед на резултатите, тоа не им штетеше на Хаас затоа што двајцата возачи стигнаа до последниот квалификациски сегмент.

Докажавме дека болидот е брз и таков беше на сите 5 досегашни трки. Ни требаат само да дојдеме до поени затоа што нема поента брзината кога не освојуваме поени. Сите во тимот се задоволни од она што го покажавме во Барселона и продолживме со брзината која ја имавме и на зимскит етестови.

Понекогаш е подобро да извадите се што имате на болидот одошто да продолжите да го подобрувате и да додавате новини. Зборувам само за нас затоа што видовме дека нашиот болид е добар, а понекогаш со новите делови е потребно повеќе време за да работат соодветно. Подобрувањата и кај нас ќе дојдат и поради тоа сметаме дека сме во добра позиција – смета Стаинер.

И покрај проблемите како двојното откажување на првата трка во Шпанија, Хаас се наоѓа на 6то место кај конструкторите, пред Форс Индија, Торо Росо и Заубер.

Тимот расне на секој начин, аеродинамичкиот и дизајнерскиот тим направија добар болид, а тимот за трки се обидува да извади се од пакетот со кој располагаме. Подобро ги разбираме гумите и начинот на нивното работење, додадовме инженери да ни помогнат во тој дел затоа што бевме свесни дека лани тоа ни беше слаба точко.

Решивме да направиме нешто повеќе, а со се што се случува во Формула 1, за тоа е потребно време. Дел од персоналот започна со работа на почетокот на оваа година, така што и тоа е очигледно дека носи резултати поради што можеме да бидеме задоволни.

Се подобруваме со секоја година, во моментов ја возиме третата сезона и нетрпеливи сме за иднината и она што следи.


Хаас фокусирани на брзина, а не на новини

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>