Хаас продолжуваат со одличната форма

64

Возачите на Хаас, Кевин Магнусен и Роман Гросжан, го продолжија моментумот на американската екипа и во Силверстон, со уште еден “најдобар од останатите“ пласман во квалификациската сесија за Британското Гранд При.

И двајцата возачи убедливо се пласираа во првите два сегмента, Гросжан со минимална предност пред Магнусен. Но кога дојде до топ 10, Магнусен беше побрз од французинот за 0.211 секунди.

Ова е многу забавно. Имаме на некој начин “Б“ првенство во кое сме заедно со сите други екипи во средината. Навистина е забавно.

Има многу притисок бидејќи сме толку блиску, но денес успеавме со пласман на 7ма и 8ма стартна позиција и сме најдобри од останатите.

Навистина сум среќен, ова е како пол позиција во “Б“ првенството. Навистина добра позиција за нас. Не гледаме напред, гледаме назад, така што навистина е како пол позиција – изјави Магнусен.

Целта на Магнусен во трката е да ја задржи својата позиција и да направи предност по која ќе може да ги менаџира пневматиците во трка во која се очекува многу висока температура.

Момците пред нас, тие едноставно ќе исчезнат. Ако по првиот круг сум на истата позиција, што нема да биде лесно, тогаш се надевам на чиста патека и да ги одржувам пневматиците. Ќе видиме. Саботните сесии беа добри и во добра стартна позиција сме за трката – додаде Магнусен.

По сударот во Т1 во Петок, Гросжан е среќен со пласманот на 8то место за стартот.

Знаејќи дека возевме помалку во Петок, мислам дека добро се вративме.  Не беше лесно во Т3, но имаме добар пласман по квалификациите. Мислам дека тоа беше најдоброто што можевме, така што среќен сум. Не бев преагресивен и мислам дека беше правилна одлука.

За тимот, пласман на седмо и осмо место е неверојатен и мислам дека ќе имаме одлична трка. Ако имаме и среќа малку како во Австрија, би било одлично, но доколку двајцата можеме да нападнеме и тоа ќе биде добро – изјави Гросжан.


Хаас продолжуваат со одличната форма

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>