Хаас казнети 5,000 евра за небезбедно пуштање од бокс

85

Екипата на Хаас Ф1 доби парична казна поради небезбедното пуштање на Кевин Магнусен на патеката на 5 минути до крај на вториот слободен тренинг од Австриското Гранд При.

Магнусен, кој се пласираше на солидно осмо место во сесијата, беше пуштен од боксот по тренинг влегување, но едно од неговите тркала не беше правилно прикачено.

Стјуардите го земаа во предвид признанието на Хаас дека синото светло кое означува дека возачот може да го напушти боксот случајно се вклучило на пиштолот за менување, лажно сигналирајќи дека тркалото е правилно прикачено.

Хаас изреагираа моментално и му насочија на Магнусен да застане, а тој го стори истото на безбеден начин.

Стјуардите имаа опција да му доделат грид казна, но сметаа дека тоа не би било фер поради брзата реакција на Хаас и нивното објаснување, така што се одлучија за парична казна од 5,000 евра.

Ова е второ небезбедно пуштање во петочните тренинг сесии, откако и Мекларен беа казнети 10,000 евра поради испуштањето на Стофел Вандорн во траекторијата на движење на Себастијан Ветел во првиот тренинг.


Хаас казнети 5,000 евра за небезбедно пуштање од бокс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>