Ф1 ТВ не поминува добро

513

По долгото чекање проследено со неколку одложувања на промоцијата, логично беше што очекувањата од дигиталната Ф1 ТВ платформа беа големо, но во Шпанија истата беше проследена со замрзнување на сликата и долго вчитување на видеата.

Бета тестриањето на платформата беше навистина долго, но во Петокот и официјално беше промовирана платформата, минувајќи неславно. Поплаки за пристапувањето немаше, но преносот во живо во Петок не бил постојан, требало долго време да се вчитаат видеатса, имало сецкања и прекини во преносот, а во Сабота ситуацијата била уште полоша.

На последната сесија во пресрет на квалификациите корисниците добивале порака дека го надминале максималниот број на дозволени стримови од нивниот акаунт. Тоа траело цела Т3 тренинг сесија, но на вебсајтот на тркачката серија, техничкиот оддел работел напорно за да го отстрани проблемот.

Оние што сакале да гледаат квалификации преку Ф1 ТВ не минале добро затоа што гледале само црн екран. Иако тхничката поддшка преку Твитер констатирала технички проблеми кај некои корисници, сепак проблемот бил многу поголем одошто тие обавиле.

Не е добро тоа што стручноста на Либерти Медиа се медиумите, така што сите очекуваа одличен сервис без проблеми од самиот старт, особено по долгиот тест период на кој беше подложен Ф1 ТВ. Вакво нешто не смее да се случува на гигант како Формула 1.


Ф1 ТВ не поминува добро

3 коментари

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>