Ф1 сака активности и кога нема трки

90

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, откри дека бараат начини да бидат во контакт со фановите 12 месеци во текот на годината, вклучително и за време на зимската пауза кога тимовите со сета сила работат на новите еболиди.

Гранд При календарот трае од Март до крајот на Ноември, годинава има 21 трка, а пред премиерниот настан во сезоната има и два тест периоди од по 4 денови. Кери за пример го зема НФЛ драфтот кој се случува за време на паузата во американската лига.

Една од амбициите која ја имаме е како да го направиме спортот да е во контакт со фановите 12 месеци во текот на годината. Тоа не значи дека ќе се тркаме во текот на целата година.

Еден пример е налик на НФЛ драфтот кој се случува кога лигата е на пауза, тоа е одличен е навистина голем настан. Тие создаваат настани кои се многу интересни за фановите иако ги нема класичните натрпевари на стадионите.

Ние треба да решиме како да ги направиме работите поинтересни за фановите, без разлика дали ќе организираме некое натпреварување или некој одделен настан за да се зголеми бројот на фановите и инвестициите со крајна цел истото да донесе повеќе пари за екипите – открива Кери.

Чејс повтори дека е против дополнително проширување на календарот со цел да се покрие целата година.

21 трка колку што имаме во моментов се најмногу во историјата, а сметам дека можеме да направиме други работи за да ги задржиме фановите во контакт со спортот. Имаме исполнета сезона која трае од Март до Ноември така што веќе е долго и мораме да признаеме дека тимовите навистина многу се трошат во текот на годината.

Ќе повторам дека мораме да најдеме добри и паметни начини да ги вклучиме повеќе фановите во спортот. Можеби нема да организираме натпревари на патеки, можеби ќе размислиме на друг аспект на спортот, но постојат некои уникатни идеи за во иднина на кои размислуваме – заврши Кери.


Ф1 сака активности и кога нема трки

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>