Форс Индија со ново предно крило

65

Тимот на Форс Индија се надева дека ќе успее да донесе ново предно крило во текот на овој месец. Новиот дел би можел да се најде на болидот викендов во Канада. Доколку не успеат, истото ќе биде достапно за Француското Гранд При на 24 Јуни.

Одлучувачки фактор е достапноста на крилото, објаснува техничкиот директор Енди Грин.

Мислиме дека е подготвено, само немаме доволно од истото. Не сакавме да го ризикуваме ограничениот број додека немаме доволно, што најверојатно ќе биде на Пол Рикар во Франција.

Извршивме многу тестови по трката во Барселона. Тоа ни докажа дека е доволно развиено за да го поставиме на болидот. Во тој случај ќе имаме самодоверба, а со другите подобрувања на Пол Рикар ќе направиме значителен чекор напред.

Тимот сеуште се обидува да ја постигне формата од 2017 година. Минатата сезона тие беа на четврто место во генералниот пласман, но моментално се на шесто.

Дел од проблемот е што го немавме болидот кој го посакувавме уште од почетокот на сезоната. Имаше делови кои навистина ги сакавме на болидот, но не беа подготвени.

Без да навлегувам во детали, причина за одложувањето од самиот старт беше буџетот – изјави Грин.


Форс Индија со ново предно крило

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>