Формула 1 со 18 инчни тркала од 2021?

544

Формула 1 би можела да премине од 13 инчни на 18 инчни тркала како дел од новите правила по 2021 година. 

Пирели веќе неколку години се обидуваат да воведат промени во пневматиците, а во 2014 година тие тестираа со болид на Лотус, возен од Шарл Пик, како и со Мартин Брандл со болид од ГП2 во Монако во 2015 година.

Пирели сметаат дека пневматици со низок профил, кои моментално се користат во Формула Е и WEC, се послични со тие на секојдневни автомобили и би можеле подобро да ги користат за маркетинг потреби.

Промена кон такви тркала би влијаела над дизајнот на суспензијата, но од друга страна неколку тимови се согласуваат и дури бараат таа промена да започне од 2020 година. Ексклузивниот договор на Пирели со Формула 1 истекува во 2019 година.

Извршниот директор на Пирели, Марко Трончети Провера, истакна во Монако дека италијанската компанија е отворена за соработка и подготвена за промена кај пневматиците.

Ние сме отворени и подготвени. Очигледно треба да се воведе правилна регулатива, како и тимовите да се согласат со истата. Постојат повеќе прашања од гледна точка на аеродинамика, на суспензија и слично. Кога тимовите ќе бидат подготвени, ние веќе ќе бидеме.

За нас секогаш е прашање на технологија. Задоволни сме со 13 инчни, задоволни сме со 18 инчни. Пневматиците се повеќе видливи и колку се поголеми, толку подобро. Но предизвиците се поинакви – гласи изјавата на Провера.

Моментално не сме дискутирале во премногу детали. Не е прашање само до правилата за пневматиците, туку за сите правила. Ние истакнавме дека сме подготвени да направиме се што сакаат, со доволно време за тестирање. Тоа е нашата позиција.

Мора да имаме добар план. Во минатото направивме различни пневматици, пошироки, секогаш се обидуваме да ги следиме правилата на Формула 1. Ќе ни треба болид за да ги тестираме. Слично е со 2016 година, со пошироките пневматици.

Мислам дека 2020 година е премногу блиску за таква голема промена. Нема смисла да го разгледуваме тоа, кога во 2021 година ќе имаме целосно нови правила – изјави Марио Исола од Пирели.

Директорот за трки при ФИА, Чарли Вајтинг, одговори на оваа тема, истакнувајќи дека тоа е нивниот план за 2021 година.

Би рекол дека тоа е случајот. Тоа е дел од правилата кои ги дискутираме – изјави Вајтинг.


Формула 1 со 18 инчни тркала од 2021?

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>