OФИЦИЈАЛНО: СФ71Х е легален

644

По спроведената истрага ФИА одлучи дека Скудерија Ферари СФ71Х е целосно легален болид откако во Монако инспекторите на Федерацијата се позанимаваа со Системот за повраток на енергија на екипата. Мерцедес и Ред Бул веќе некое време апелираат да се испита болидот загрижени од перформансите на “црвените“.

Имавме доза на загриженост во Баку, но беше тешко да објасниме и поради тоа работевме заедно со Ферари. Правилата велат дека е должност на тимот да ја задоволи ФИА во однос на задоволувањето на правилата во секое време, така што сега можам да кажам дека сме задоволни – објасни Чарли Вајтинг.

Тој откри дека поранешниот Технички директор на Ферари, кој сега работи за Мерцедес, Џејмс Алисон, пријавил нелегалност во Системот за повраток на енергија на Ферари до ФИА пред Големата награда на Азербејџан.

Се шпекулираа многу работи околу тоа и се се прошири во падокот екстремно брзо.

Некои работи во податоците кои ги имавме не можевме да си ги објасниме. Ги анализиравме со Ферари и тие ни дадоа логично објаснување за тоа што се случува, но не бевме целосно задовлни.

Сакавме целосно да го испитаме она што го увидовме во Шпанија, тие превземаа некои мерки за да се осигураат дека ќе ни предочат работи кои ќе ни објаснат се и со кои ќе бидеме задоволни – објасни Чарли.


OФИЦИЈАЛНО: СФ71Х е легален

11 коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>