ФИА со зголемен надзор над Ферари викендов

449

ФИА побара од Ферари да обезбедат дополнителни податоци од својот ЕРС систем во текот на викендот во Монако. На СФ71Х е поставен дополнителен сензор по шпекулации дека тимот нашол начин да извади повеќе енергија од својата батерија во однос на дозволеното според правилата. 

Ники Лауда од Мерцедес е еден од тие кои ја поттикнаа темата околу менаџирањето на батеријата во Ферари. Нивниот болид користи двојна батерија во тандем од почетокот на хибридната ера во 2014 година.

Лауда побара од ФИА да одлучи дали сетапот на Ферари е во рамките на правилата, но владеечкото тело истакна дека користење на двојна батерија не е спротивно од правилата.

Оваа сезона шпекулациите велат дека Ферари нашле начин да ја користат оваа архитектура со цел за краток период да извлечат поголем проток на енергија, над лимитот од 120KW, без да бидат детектирани од стандардните сензори на ФИА.

Директорот за трки при ФИА,Чарли Вајтинг, инсистира дека докази за такво нешто не излегле на виделина. Дополнителниот сензор за овој викенд е дизајниран за дефинитивно да ја појасни ситуацијата.

Главните ривали на Ферари сепак не веруваат дека италијанците прават нешто нелегално и се уверени во техничкиот преглед на ФИА.

Очигледно имаше шпекулации. Сигурен сум дека во ФИА се способни да ги анализираат податоците и да извршат правилен технички преглед на болидот. – изјави Кристијан Хорнер од Ред Бул.

Вакви теми на легалност се чести. Тоа е дел од секојдневието во тимовите. Обврска е на секоја екипа да биде во рамките на правилата, а тоа е постојан процес.Имам голема доверба дека доколку има проблем, дали во шасијата или моторот, ФИА ќе донесе правилна одлука – изјави Тото Волф од Мерцедес.

Заубер исто така користи агрегати на Ферари, но тимскиот шеф Фредерик Васур посочи дека од нив не е побарано да вметнат дополнителен сензор.


ФИА со зголемен надзор над Ферари викендов

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Srgjan Petreski
    Srgjan Petreski
    Остави коментар

    Е сега се поставува прашањето,зошто и на другите тимови не им се проверат ерс системите.Сега кога стана ферари конкутентен одма почнаа со притужби кон нив.Значи фиа и до сега немала строги мерки на проверка на болидите.Кој знае како го користеле измимативе сезони ерс системот тие што сега се бунат.Знаеме колку доминамтен беше Мерцедес изминативе сезони (откако сме во хибриднава ера)и се му се препишуваше на моторот,а исто така знаеме дека уште 2-3тима го користеа нивниот мотор и ерс систем а имаа далеку послаби резултати.Невелам дека само моторот ја прави разликата (нормално и шасијата и возачот имаат голема улога),но сите овие обвинувања од страна на Мерцедес фрлаат сомнеж дека тие знаат (се искусни)нешто во врска со користењето на ерс системот.