ФИА планира да го укине возачкиот брифинг

144

Брифингот на Формула 1 возачите кој традиционално се одржува по петочните тренинг сесии може да биде укинат од страна на ФИА наредната година.

Состанокот е дел од спортот декади наназад, но недостатокот на заинтересираност го натера владеечкото тело да организира заеднички состанок помеѓу тимските шефови и возачите за време на медиумските сесии во Четврток.

Според моменталниот распоред, тимските шефови се состануваат во Четврток за да дискутираат околу повеќе теми поврзани со промени на патеката или процедури. Потоа возачите се состануваат со Чарли Вајтинг следниот ден и го даваат своето мислење доколку има некакви проблеми.

Идејата за укинување на петочниот состанок сеуште е под знак прашалник, според Вајтинг.

Моментално тоа е само предлог. Сигурно нема да се случи оваа година, доколку некој навистина не сака тоа да се случи.

Главната причина што го дадов овој предлог е што ги дискутираме темите со тимските шефови, кои потоа тие ги споделуваат со своите возачи, а кога доаѓа до состанокот со возачите, очигледно нив не им е пренесено се и мора повторно да ги дискутираме истите теми.

Една од главните причини за брифинг на возачите во Петок, по првите тренинг сесии е што тие можат да споделат што се случува на патеката. Но на крајот, нема некаква вредност бидејќи во секој момент кога ќе забележат нешто тие ни пренесуваат. Сега постои подобар систем на комуникација. Има повеќе смисла да се укине овој состанок – изјави Вајтинг.


ФИА планира да го укине возачкиот брифинг

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>