ФИА не гледа судир на интереси помеѓу Мерцедес и Форс Индија

98

По внатршната истрага спроведена од ФИА, регулаторот објави дека обвинувањата за судир на интереси помеѓу Мерцедес и Форс Идија во Монако немаат основ. Естебан Окон многу лесно го пропушти Луис Хамилтон, а потоа изјави дека добил таква насока од екипата. Шпекулациите со својата изјава ги подгреа и Тото Волф кој потврди дека францускиот возач ги почитувал желбите на Мерцедес.

Причината за пропуштањето во Монако, без разлика што вели Тото, беше тоа што ние си имавме сопствена трка и не се тркавме со Луис во тоа време и проади тоа не сакавме да губиме време со него.

Алонсо влезе во бокс претходно и се обиде на тој начин да не мине, а ние не сакавме да губиме време задржувајќи го Луис и да му дозволиме на Алонсо да ја оствари својата цел. Поради тоа Естебан не губеше време со Луис.

Ако се тркате и постојано погледнувате во ретровизорите, секако дека не сте толку брз, дури и неколку десетинки по круг е премногу. Кога сте многу блиску до некого кој сака да ве мине преку бокс, тоа не смее да го дозволите.

Тоа што можете да го направите е да го задржите 5-6-7 кругови и на крајот пак ќе ве мине и ќе загубите од него, но ќе загубите и од возачот со кој навистина се тркате. Не се тркавме со Луис, тој веќе промени гуми, а ние не – појасни Отмар Шафнауер, оперативниот шеф на Форс Индија.

Истото го потврди и техничкиот директор на екипата, Енди Грин, кој едноставно изјави дека принципите на екипата се да не се борат со очигледно многу пборзите болиди.

Секогаш го правиме тоа. Кога многу побрз болид се наближува, го препознаваме тоа и не се тркаме со нив и поради тоа губиме минимум време. Понекогаш губите и по 2 секунди по круг додека се обидувате да се одбраните од напад.


ФИА не гледа судир на интереси помеѓу Мерцедес и Форс Индија

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • IVICALUCKY
    Остави коментар

    Абе бркајте работа да беше ферари во прашање ќе направиа хавариа од тоа али ако се мерцедес тогаш не не они ништо не направиле ѓубриња почнавте да губите и одма плачете

  • IVICALUCKY
    Остави коментар

    Затоа не сакам да чујам оној моабет тимски наредби имало само во ферари другиве не .оваа сезона ако ферари се најбрзи ааа има нешто нелегално во болидот одма ајде да провериме све им смета а предходните години кога доминираше мерцедес све е ок ццццц ѓубриња