ФИА немала сознание за остатоците на патеката

250

Директорот за Формула 1 трки во ФИА, Чарли Вајтинг, откри дека немало дојава за никакви остатоци од болиди на патеката пред Валтери Ботас да мине преку еден таков и да ја дупне гумата на 3 кругови пред крајот на трката.

Финецот изгледаше како сигурен победник во Азербејџан откако се одбрани од нападите на Себастијан Ветел по последниот рестарт на трката, но пред крајот на долгиот правец неговата задна десна гума екслодираше. Забавената снимка на телевизија покажа дека Валтери минал низ некаков дел, веројатно од сударот на Кевин Магнусен и Пјер Гасли за време на рестартот и трката и ја оштети својата гума.

Вајтинг откри дека не им бил покажан сударот Гасли – Магнусен се до моментот по инцидентот на Ботас и поради тоа не знаеле дека во тој дел од патеката може да има некакви опасни остатоци.

Не добивме никаква опомена за можни остатоци на патеката, а мжам да потврдам дека маршалите беа одлични на оваа трка и одлично си ја завршија работата во тој дел.

Не можам да бидам сигурен дека тоа го предизвикало откажувањето на пневматикот, тоа треба официјално да се потврди. Видовме дека беа остатоци и тоа е многу веројатно.

Мислам дека тоа се случи по сударот на Магнусен и Гасли, нивниот инцидент во претпоследниот круг. Сеуште не ја видов снимката од тој настан – објасни Вајтинг.

Чарли ја бранеше својата одлука за долгиот последен период под Безбедносно возило откако мораа да се расчистат два инциденти и да се исчисти патеката од остатоци, но е свесен дека никогаш не може да гарантира дека асфалтот е идеално чист.

Секогаш се трудиме да ја држиме патеката колку што можеме почиста. Континуирано возачите се жалеа за делови на патеката во текот на целата трка и ние менаџиравме со тој проблем колку што можевме подобро.


ФИА немала сознание за остатоците на патеката

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>