ФИА ги опомена Рикардо и Верстапен

765

ФИА ги опомена двајцата возачи на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен за нивниот судар во Баку кој резултираше со предвреме завршена трка за двјцата. Двајцата минаа цела трка во меѓусебна борба за позиција пред 40от круг кога австралијанецот “се залепи“ во задниот дел од болидот на Макс.

ФИА објави куса изјава во која ги опоменува возачите:

Двајцата возачи придонесоа за сударот. Возачот на болидот со број 33 (Верстапен) направи два одбрамбени потега кои беа доста мали. Возачот на болидот број 3 (Рикардо) го направи потегот за претекнување во лево премногу доцна.

На стјуардите им е јасно дека иако инцидентот потекнува од потезите на болидот со број 33, возачот на болидот со број 3 исто така има вина.

Двајцата возачи изразија жалење во врска со инцидентот за време на сослушувањето кај стјуардите.

Рикардо и Верстапен од страна на тимскиот шеф исто така добија наредба да се извинат на сите во екипата.


ФИА ги опомена Рикардо и Верстапен

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>